Почина Југослав Тодоровски – поранешен градоначалник на Скопје

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Југослав Тодоровски почина вчера по долго и тешко боледување во својот дом во Скопје, опкружен со најблиските.

Беше градоначалник на од 1986 до 1991 година, по неколку претходни државни функции.

Професионалната кариера како градежен инженер ја почна и заврши во „Гранит“, како негов втор човек, а во политиката ќе остане запаметен како мудар и умерен човек.

Неговото семејство објави дека погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во Скопје, во петок, а последен поздрав ќе може да му се оддаде во капелата од 11 до 12 часот.

Претходна вестДенеска е Водокрст, денот кога се крштева водата која добива лековита моќ
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС и купи партија на Арсовска, присуството на Зечевиќ и градската администрација кажува што е позадината