Со претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ со Драган Маринковиќ-Маца почнува Фестивалот на независна балканска сцена, на 27 август, во Парк шумата Гази Баба. Почнува во 20 часот, но не е единствената што ќе биде изведена деновите по 27ми, односно во периодот до 5ти септември до кога и ќе трае фестивалот.
Останатите се претставите „SEX BOMB”, „Не ми го чепкај пивото”, „Средба со неочекуваното” – Tеатар ГЕСТОС / Читалиште Елин Пелин, Софија, „Јас бремената” – Театар КЕРЕКЕШ, Вараждин; Хрватска, и „Ожени ме” во продукција на Театар Провокација.
-Ова е една од најстарите театарски трупи која опстојува веќе 30 години на оваа балканска сцена, а за да се опстане толку време мора да се понуди квалитет. Раде Вукотиќ е директорот и режисерот на овие претстави и тој секогаш во неговите претстви има ѕвезди. Станува збор за фестивал со натпреварувачки карактер, на крај ќе се доделуваат награди за најуспешната претстава, најуспешните актери, режија и се она кое ќе го видиме дека се издвојува по нешто, истакнуваат од Театар Провокација.
Фестивалот ќе се одржува во Парк шума кај црквата Сретение Господово во општина Гази Баба, а влезот ќе биде слободен.