Со месеци се зборува дека наскоро во Скопје ќе се отвори нов мол, трговски центар со огромен број продавници, најголем во регионот. И ете денеска конеќно информација дека тоа ќе се случи.
Тој никнува на местото кое скопјани го знаат како Скопски Саем, место каде со децени се одржуваа саемски изложби на се и сешто, новогодишни и велигденски панаѓури…
Во најавата за новиот трговски центар стои дека Скопје станува многу динамичен град со голем потенцијал за напредок и просперитет, а овој октомври ја добива својата нова шопинг дестинација со над 220 водечки глобални и регионални брендови, кои се на простор од 2.000 м2.
Ќе бид на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и 2.000 паркинг места, каде се очекуваат 12 милиони посетители.
Освен продавници ќе има и кафулиња и ресторани и кина.
На секој главен град несомнено му се потребни молови, продавници, ресторани. Но и на секој нормален град, особено главен му треба и саем, односно простор каде производителите и увозниците ќе ја изложуваат своја стока, каде ќе се организираат саеми на книга, на гастрономија… За жал Скопје тоа одамна го нема. А дали ќе го има?