Единаесет рачни бомби без запалки вчера попладне биле пронајдени на депонијата кај селото Арачиново, соопшти полицијата.
– Во 18.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.00 часот, додека се истоварал смет во депонијата, која се наоѓа на излез од с.Арачиново, на регионалниот пат Скопје-Куманово, во сметот биле забележани предмети кои личат на експлозивни средства. На местото на настанот излегле полициски службеници и од депонијата се подигнати 11 рачни бомби без запалки, се наведува во информацијата.
Се работи на расчистување на случајот