На Домот на градежниците ќе се прави зелен покрив по примерот на ГТЦ

Градот Скопје во соработка со УНДП почна со уредување на вториот зелен покрив во центарот на градот – покривот на Домот на градежници. Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри ќе бидат засадени повеќе од 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое ќе биде функционално распоредено, ќе има тревна површина и вертикално зеленило поставено на ѕидовите, ќе се постават и клупи и друга урбана опрема, а ќе се врати и култното кино.

-Денеска почнуваме голема реконструкција на покривот на Домот на градежниците – една култна стара зграда во центарот на Скопје, изградена пред децении. Посебно бил значаен покривот на таа зграда каде што се случувале многу културни настани. Познат е како „Киното на Домот на градежници“ кое со овој зелен покрив ќе го вратиме. Она што планираме да го направиме овде е по примерот на покривот на ГТЦ, рече Никола Наумоски, претставник од Град Скопје, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека покривот на Домот на градежници има две нивоа, а и на двете нивоа ќе биде поставено зеленило.

Проектот за изградбата на Зелен покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје (во вредност од околу 18,5 милиони денари), а имплементиран е во соработка и со поддршка од УНДП.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров, велат – ја манипулираше јавноста
Следна вестПриведено 21-годишно лице, се сомничи за ограбување на куќа во Илинден