Приведено 21-годишно лице, се сомничи за ограбување на куќа во Илинден

Проведено е лице осомничено дека извршило кражба во куќа во општина Илинден, соопшти полицијата.

-Поради сомнение за извршена „тешка кражба” во куќа во населбата Илинден, од слобода бил лишен дваесет и едногодишниот Н.В. од Крива Паланка. Лицето било приведено во текот на вчерашниот ден за дело кое го сторил минатиот месец. Н.В. е приведен во полициска станица, со него беше извршен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од Министерството.

Претходна вестНа Домот на градежниците ќе се прави зелен покрив по примерот на ГТЦ
Следна вестГрупа балкански интелектуалци: Ниту една нација не смее да и наметнува на друга нација прифаќање историски наративи