Во моментов се прави анализа во делот на имунизација и на препораките за евентуална трета доза на вакцина. Сега не може да се претпостави дали оваа вакцина ќе стане сезонска, но верувам дека до крајот на годината ќе се знае, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче во одговор на пратеничко прашање во Собранието.
Тој појасни дека во моментов се прават клинички студии во светот, и тоа на деца од 6 месеци до 2 години, од 2 до 5 години и од 5 до 12 години.
Тие резултати, како што рече, допрва треба да дојдат. Според министерот, никој сега во овој момент не може да претпостави дали ќе биде тоа сезонска вакцина или ќе биде вакцина во која што ќе се даде и трета доза, но верува дека до крајот на годината ќе се знае, заради тоа што врз основа на тоа ќе ги димензионираат количините за целата следна година.
-Верувам дека ќе имаме повеќе сознанија во месец септември и во октомври. Сите производители се на располагање и согласно препораки од експери за кои категории на граѓани која вакцина да се даде, рече Филипче.