Мајка на ученик од Берово пријавила дека на интернет биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син, соопшти полицијата.
-На 02.11.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Берово, жена од Берово пријавила дека од училиштето во кое учел нејзиниот малолетен син била информирана дека на социјална мрежа биле пуштени експлицитни фотографии од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во известувањето од МВР.