На Клиника почина 2-годишно девојче, таткото е осомничен дека ја претепал

Двегодишно девојче почина во болница во Кичево по 22 дена борба за живот. Според инфорнациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември и нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.

Како што се наведува, девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, во понеделникот починала.

Против нејзиниот 30-годишен татко ќе биде поднесена пријава.

Претходна вестВо пожарот во Аеродром загина 76-годишник, спречена опасност да се прошири на погорните катови
Следна вестАмериканскиот долг достигна 34 трилиони долари, секој Американец должи 102 илјади долари