Млад ловџија од битолското село Канино кого битолските медиуми го идентитфикуваат како 35-годишен маж, е смртно застрелан на ловот во кој учествувале уште двајца други ловџии во атарот на ова село.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила вчера изутрина.
–Полициски службеници извршиле разговор со Д.С. (36) од с. Бистрица и Р.Ј. (55) од Битола и според нивните сведочења Ј.К. се здобил со повредите во 09.30 часот, при лов во атарот на с. Канино, откако Д.С. испукал патрон, по што забележал дека Ј.К. бил повреден, наведуваат од полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираше СВР Битола.