Tриесет и деветгодишна мајка пријавила дека на нејзиниот син му се заканувале со нож во скопската населба Аеродром. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Вчера во 14:40 часот во СВР Скопје, В.Н.(39) од Скопје пријавила дека околу 11 часот на подрачјето на Аеродром едно лице со остар предмет упатило закани на нејзиниот малолетен син, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.