Запалени контејнери за ѓубре предизвикаа облаци на густ чад кои се кренаа и беа забалежителни во централното подрачје на Скопје. Од скопската Противпожарната бригада информираа дека се работи за запалени контејнери на булеварот „Партизански одреди“.
-Гореа три пластични контејнери, затоа се крена густ црн чад. На терен е едно возило со тројца пожарникари и огнот е веќе изгаснат, рече командантот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески за „Макфакс“.
Скопската противпожарна бригада денес гасеше пожар и во напуштена куќа спроти трговскиот центар „Ист гејт“.