На пладне заседава Советот за безбедност, ќе се даде ли виза за полициски час?

Во Кабинетот на шефот на државата на пладне е закажана седница на Советот за безбедност на која ќе се расправа за актуелната состојба со корона вирусот.

На оваа седница е предвидено, покрај членовите на Советот, да присуствува на покана на претседателот Пендаровски, и министерот за здравство, Венко Филипче.

Според неофицијалните информации, членовите на Советот ќе расправаат и за тоа дали е потребно воведување на полициски час кој би започнувал во 17 или во 18 часот, како мерка за намалување на ширењето на корона вирусот. Ваква можност завчера ја најави премиерот Зоран Заев кој рече дека се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. 

Претходна вестСончево со малку облаци, температура до 13 степени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: 10 причини зошто проектот ветување за ЕУ на Заев е мртов