Сончево со малку облаци, температура до 13 степени

Во Скопје, утрото е променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

На подрачјето на останатиот дел од Македонија времето во утринските часови ќе биде променливо облачно, а преку денот сончево со мала облачност и со слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени целзиусови.

Утре ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, а кон крајот на денот под влијание на продор на студена воздушна маса ќе дува засилен северен ветер и облачноста ќе се зголеми. Во сабота дневната температура значително ќе се намали, а на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег. Од недела продолжува стабилното време со значително пониски утрински температури.

Претходна вестДо 31 декември трае конкурсот за расказ инспириран од фотографии на тема животот на Евреите во Македонија
Следна вестНа пладне заседава Советот за безбедност, ќе се даде ли виза за полициски час?