До 31 декември трае конкурсот за расказ инспириран од фотографии на тема животот на Евреите во Македонија

„Раскажувам фотографија“ е насловот и мотивот на Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија да распише конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии, поврзани со животот на Евреите во Македонија.

Ракописите треба да се испратат на [email protected] со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“. Конкурсот почна на 16.10.2020 година, а ќе трае до 31.12.2020 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20.1.2021, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 27.1.2021 година, Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот.

Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија во минатото. Прифатливи би биле раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, холокаустот, емпатијата, раскази кои ги поместуваат границите и отвораат пат за градење на поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Претходна вестЌе одговара ли некој и кој за потпорниот ѕид што падна во Пржино?
Следна вестСончево со малку облаци, температура до 13 степени