На скопските улици: Заборавиле дека треба да полагаат возачки испит

Возењето автомобил низ Скопје без возачка дозвола станува вообичаена работа за многумина. Успева ли полицијата да го намали бројот на таквите неодговорни и несериозни лица?

Еве на пример вчера во рамките на акциските контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје изрече вкупно 178 казнени мерки. Од нив дури 18 се за возење без возачка дозвола. Бројката загрижува, таа покажува дека многу лица не го полагаат задолжителниот возачки испит.

Можно ли е да заборавиле дека треба да полагаат? Полицијата треба да ги потсетува – и тоа многу поревносно и поконтинуирано.

Инаку, вчера биле казнети и 29 возачи за возење повеќе од дозволената брзина.

Тие пак се друга болна приказна од скопските сокаци…

Претходна вестАгенти на ФБИ упаднале во домот на Трамп, му го провалиле сефот
Следна вестСиндикалците ја пресметаа минималната кошница, а кој е есапот на Владата?