Завчера околу 16.00 часот на подрачјето на Центар, во близина на Средно Водно, од страна на полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Е.Ш.(28) од Скопје, соопшти полицијата.
Причина за приведувањето е опојната дрога марихуана која била пронајдена кај него. -Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.