Ќе има ли пак „Викенд без ДДВ“?

Помина „Викенд без ДДВ“. Имаше ли ефект каков што посакуваше и му треба на народот?

Власта вели дека во наредните денови ќе се видело какви ефекти имало тридневното олеснето пазарење, односно, дали се остварило владиното предвидување дека ќе бидат потрошени околу 170 милиони евра и со што кај граѓаните би се вратиле 17 милиони евра.

Но, првите слабости веќе се забележаа: заради празничниот викенд многу од продавниците не работеа, на фискалните сметки не се наведуваа сите македонски производи, не сите сметки можеа да се скенираат заради тоа што беа лошо отпечатени, многу треба да се потроши за да барем видливо се заштеди…

Сето ова, доколку има продолжение на вакви викенди, треба да се подобри за да никој од граѓаните не се чувствува измамено. Инаку, не треба да има дилеми околу тоа дека ваквите акции треба да ги има повеќе пати, на секои 60 – 90 дена… Во ситуација кога порастот и висината на платите не се онакви какви што им се потребни на граѓаните со вакви акции сепак се помага да се заштеди некој денар кој ќе се употреби за да се купи некоја работа потребна за децата, за домаќинството…

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Чесно е Венко Филипче да ги признае грешките и да поднесе оставка
Следна вестНа Средно Водно приведен скопјанец со марихуана