На Табановце за влез и излез се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На г.п Табановце за влез и излез се чека околу 30-40 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчевo

Претходна вестУмерено облачно со слаб јужен ветер, температура до 11 степени
Следна вестКазнети 170 возачи во Скопје, 35 за возење под дејство на алкохол