На Табановце фатени две возила како без дозвола вршат превоз на патници

Комбе и автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници, вчера на Табановце биле фатени без соодветна дозвола за возење.

„ При контрола на патничко возило комби „форд транзит“, со бугарска национална ознака, управувано од Т.Т.(35) од Струмица, било констатирано дека возилото не поседува соодветна документација за меѓународен превоз на патници. При извршена контрола на автобус, со скопски регистарски ознаки, управуван од П.И.(31) од Скопје, било констатирано дека возачот не поседува комплетна документација за меѓународен превоз на патници и стока.

На двете возила од страна на Државниот инспекторат за транспорт им се изречени соодветни санкции“ соопшти МВР.

Претходна вестМирен протест кај „Сити Мол” за загината Виторија Николова
Следна вест1.254 нови случаи на Ковид-19 и 21 починато лице