На Царовска и фали поддршка за реформата па ја најде во „меѓународната заедница“

Министерката за образование и наука Мила Царовска и понатаму си ја тера својата приказна дека реформата во основното образование која ја предлага е прифатена од најрелевантните иако секој ден излегуваат по 2 -3 институции во Македонија кои се поврзани со образованието и го тврдат спротивното-дека реформата е неприфатлива. Овој пат, односно синоќа на ТВ Клан, таа рече дека за реформите во образованието постои силна поддршка и од меѓунароната заедница.

Остана необјаснето – што е тоа „меѓународна заедница“ и дали и таму од каде стигнала поддршката се претопуваат географијата и историјата во еден предмет, како и тоа – дали на министерката и е важно кој од надвор што мисли или дека сите релевантни институции во Македонија ја опоменуваат дека реформата е неосмислена, избрзана и недоречена поради што треба да се стопира.

Еве на пример што неодамна рекоа од СОНК, синдикакот на наставниците:

-СОНК за Нацрт-Концептот за реформи во основното образование смета дека не се создадени неопходните услови за непречено одвивање на наставата, без претходно отстранување на слабостите за нејзино успешно реализирање и со многу неодговорени прашања и детали во самиот документ. Од погоре наведените причини, Советот на СОНК донесе заклучок, во интерес на поуспешно реформирање на основното образование, дека треба оваа иницијатива да се одложи или да се спроведат пилот училишта во кои би се отпочнала истата и врз основа на резултатите во тие училишта да се детектираат и отстранат евентуалните слабости, да се констатираат добрите страни, а потоа да се преземат чекори за спроведување на реформите, смета репрезентативниот синдикат.

Дали министерката Царовска ќе се држи до подршката на „меѓународната заедница“ не е јасно, но јасно е дека има проблем со поддршката за замислената и предложена реформа кај оние кои треба да ја спроведат.

Инаку, да потсетиме, сериозни забелешки (па дури и барање целосно да се повлече) на реформата до сега дадоа МАНУ, Филизофскиот факултет кој е лулка на македонското образование, ПМФ, Педагошкиот факултет во Скопје, бројни институти како оние по историја, педагогија, социологија…, како и наставниците по историја, географија, музичко, ликовно…

Претходна вестВо скопска бања нападната 95 – годишна скопјанка
Следна вестПовеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло