На улицата „Орце Николов“ гореа три автомобили

Три патнички возила вчера биле опожарени на улицата „Орце Николов“ во скопската општина Центар, соопшти полицијата. Огнот кој прво избувнал на едно возило а потоа се проширил на соседните е изгаснат по интервенцијата на скопските пожарникари.

-На 19.08.2020 во 18.20 часот било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје Н.М.(30) од Гевгелија, додека го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, со гевгелиски регистарски ознаки, настанал пожар. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПолицијата го бара советникот од ДУИ Нефи Усени и брат му за да ги стави во притвор
Следна вестВо камион натовариле 70 мигранти, полицијата ги откри кај Неготино