Во камион натовариле 70 мигранти, полицијата ги откри кај Неготино

Кривична пријава заради кријумчарење на мигранти поднесена е од страна на полицијата против 22-годишниот жител на скопското село Батинци Е.С. и уште едно лице, соопшти МВР.

-На 19.08.2020 во 07.30 часот на автопатот во близина на клучка Неготино, кај место викано „Полна цигла“, полициски службеници сопреле товарно возило „волво“, кое го управувал првопријавениот. При преглед во возилото биле пронајдени 70 мигранти, информира полицијата.

Претходна вестНа улицата „Орце Николов“ гореа три автомобили
Следна вестШилегов: Ако општина Чаир не ја урне дивоградбата кај „Мавровка“ да се вклучи и Државен градежен инспекторат