Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е делегирана да суди натпревари од квалификациите за Летните олимписки игри во Париз.
Македонскиот судиски пар ќе суди на најсилниот турнир, тој што ќе се одржи во Татабања, Унгарија. Таму учествуваат репрезентациите на Унгарија, Норвешка, Португалија и Тунис.
Турнирот почнува на 14 март.