Начевски и Николов со прва задача на ЕП во ракомет

На првата средба, поточно на дуелот меѓу Полска и Словенија (18 часот) правдата ќе ја дели најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Ова ќе биде и прва задача за нашите судии на Европското првенство кое се одржува во Германија.

Покрај оваа средба во Берлин, во терминот од 20:30 часот силите ќе ги одмерат Фарски Острови и Норвешка.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо
Следна вестВо МРТВ и Беко и денеска ќе се издаваат документи