Над 250 прекршочни платни налози изрекле инспекторите на пазарниот инспекторат при направените надзори во периодот од 1 до 14 -ти овој месец.
Од инспекторатот информираа дека извршени биле над 1.100 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 10 и пол милиони денари, најголем дел изречени по основ на законот за трговија и финансиска дисциплина.
По однос на одлуките на владата за замрзнување на цените, извршени се над 360 надзори и издадени 53 платни налози во вредност од над еден милион денари..