Темен режим Режим на светлина

Ѓорческа доминантно до четвртфиналето во Куршумлиска Бања

За 80 минути  игра македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето коло на тенискиот турнир во Куршумлиска Бања кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.

За разлика од првиот меч кога имаше проблеми Ѓорческа сега доминираше против младата 18-годишна Јулие Штруплова од Чешка. Ѓорческа првиот сет го доби со 6:2, а во вториот на противничката и дозволи еден гем повеќе.

Во вториот сет македонската тенисерка водеше и со 4:0, но потоа дојде до пад во играта, меѓутоа до крајот не дозволи некаков пресврт. Во четвртфиналето Ѓорческа ќе се сретне со осмата носителка, Касја Риналдо Персон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Над 250 казни при контролите на пазарна инспекција за две недели

Следна објава

Судир на велосипеди на патека во Скопје