Јована Мицевска се сели во Романија

Македонската репрезентативка, Јована Мицевска по пет сезони минати на голот на Ница, одлучи да ја смени средината.

 

Нашата 22-годишна голманка ќе биде задолжена за „мрежата“ на романскиот тим, Слатина. Овој тим се наоѓа на претпоследното место во романскиот шампионат, што значи дека во следната сезона ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување.

Мицевска можеби ќе има друштво од уште една соиграчка од репрезентативниот дрес. Станува збор за Јована Саздовска која е член на Дунареа Браила.

Претходна вестЃорческа полуфиналистка во Куршумлиска бања
Следна вестВо координирана акција надлежните зепленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун