Ѓорческа полуфиналистка во Куршумлиска бања

Лина Ѓорческа ја продолжи триумфалната серија на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања.

Најдобрата македонската тенисерка место меѓу четирите најдобри обезбеди откако за 72 минути во два сета со 6:2 и 6:4 триумфираше во мечот против Кајса Риналдо Персон од Шведска.

Противничка во полуфиналето на Ѓорческа која е поставена за трета фаворитка на турнирот

е и биде шестата фаворитка Кристина Дину од Романија која во четвртфиналето славеше над прва носителка Ипек Оз од Турција совладувајќи ја со 6:4 и 6:2.

Во второто полуфинале се среќаваат Русинката, Јулија Авдеева и Жибек Куламбаева од Казахстан.

Претходна вестМлад човек пронајден починат на улица во Скопје
Следна вестЈована Мицевска се сели во Романија