ЛА Галакси е заинтересиран за Барди

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди би можел да тргне по стапките на прославените Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ и да го облече дресот на ЛА Галакси во МЛС лигата на САД. Еден од најпопуларните американски клубови сака да го доведе одличниот играч за врска во своите редови.

Барди многу веројатно ќе замине ова лето од Трабзонспор, откако турскиот клуб не ја одбрани шампионската титула, па раководството најавува дека ќе прави голема реконструкција на тимот.

Во ЛА Галакси и сега настапуваат неколку големи ѕвезди. Таму се мексиканскиот напаѓач Хавиер Хернандез Чичарито, Бразилецот Даглас Коста кој во минатото играше за Јувентус, исто како и Мартин Касерес. Во тимот е и Рики Пуиг, поранешниот фудбалер на Барселона.

Претходна вестУапсена организирана криминална група која вршела продажба на дрога, им помагал полицаец
Следна вестПриведени тројца крадци во прилепско, краделе од црква