Општина Ѓорче Петров продолжува да инвестира во еколошки проекти заради обезбедување на подобар квалитет на воздухот па така во соработка со ЕУ за чист воздух и УНОПС извршена е направивме целосна модернизација на системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски”, соопшти градоначаникот Александар Стојкоски.
Со тоа до 98% се намалуваат емисиите на загадувачки супстанции, се обезбедува подобар квалитет на воздухот за учениците и наставниците како и помала потрошувачка на енергија и поефикасно греење кое се прилагодува според надворешните температури.
Општината инвестираше 96.000 евра во топлински пумпи и зголемена електрична моќност, додека 145 илјади за модернизација на котлите се обезбедени преку проектот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




