Над 30 отсто од децата од 6 до 9 години имаат зголемена телесна тежина

childhood obesity

Над 30 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години живеат со зголемена телесна тежина, а 13,8 посто се со дебелина или екстремна дебелина, објавено во извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во чест на 4  Март, Светски ден на дебелината. Истовремено, истражувањето покажало дека над 28 отсто од возрасните се дебели.

Зголемената телесна тежина е почеста кај жителите на урбаните средини, а почесто се јавува кај момчињата, за разлика од девојчињата. Кај возрасните тој процент е нешто понизок и изнесува 28,4 отсто.

-Исхрана со високо преработена и енергетски-богата храна е значаен фактор кој придонесува кон развојот на зголемена телесна тежина кај децата. Физичката неактивност кај децата заради намалените можности за безбедни животни средини кои промовираат активна игра и движење на децата, доведуваат до помалку движење и употреба на електронски уреди како клучни детерминанти на дебелина“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Истражувањето е спроведено во периодот од октомври до декември 2022 година, на 2.683 ученици од 111 училишта од државата. Меѓу другото податоците говорат дека значаен фактор за овие навики се семејните приходи, односно децата кои живееат во семејства со пониски приходи поминуваат повеќе време пред екраните, но охрабрувачки е што најголемиот број на деца имаат непрекинат сон од 9 часа. Во просек 82 отсто од второодделенците имаат појадок секој ден, но помал е процентот на редовно, секојденвно конзумирање на свеж зеленчук и овошје ( 21,2 и 24,7 проценти) во однос на безалкохолни пијалоци богати со шеќер- повеќе од 32 посто од децата повќе од три пати неделно пијат сокчиња.

-Дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно, но на високо ниво, констатира Институт за јавно здравје.

Д-р Ирфан Ахмети и д-р Танер Хасан, кои менаџираат со Центрите за обезност на Клиниката за ендокринологија и во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ денеска информираа дека годинава се планира да се отворат уште два центра за менаџирање со дебелината во болниците во Тетово и Штип, како и на Клиниката за детски болести во Скопје, а подоцна и во Битолската болница.

-Податоците од „Мој термин“ кажуваат дека имаме само 14 илјади регистрирани пациенти со обезност, што е приближно 10 проценти од бројките кои се реални. За овие 6 месеци имаме 650 пациенти, од кои 60 отсто се со прилично потешка обезност. Пациент со најголема килажа е 185 килограми. Дневно прегледуваме по 10-15 пациенти, кажа д-р Ахмети.

Претходна вестДИК со предлог до Собранието: Преодна одредба за да се гласа и со старите важечки документи
Следна вестДизелот поевтинува за еден денар, бензините поскапуваат за пола денар