Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од четири месеци – од 6 август заклучно со 2 декември.
Во овој период 60.772 граѓани се позитивни на ковид-19, а од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е поголема – 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.