Над 390 илјади граѓани се пријавени за вакцинација

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се 206 013 граѓани, а вкупниот број на аплицирани вакцини изнесува 244.518. Ревакцинирани се 38.505 граѓани. Во текот на вчерашниот ден 9.561 граѓани примиле прва доза, а вкупно се вакцинирале 11.646 граѓани.

Со последните бројки 44,7% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 37% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 390.330 граѓани.

Претходна вестОтсега ковид-пациенти ќе се примаат само на Инфективна и ТБЦ, другите центри се затвораат
Следна вестШампион во измама: Од затвор преку Фејсбук стигнал до туѓи податоци и зел брз кредит