Вкупно 43.335 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против ковид-19 преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 13.511 лица.
Сите тие најверојатно ќе бидат вакцинирани со кинеските вакцини „Синофарм“ – 200.000, кои деновиве се очекуваат да пристигнат во земјава.
Вакцинација ќе започне в среда со 4.680 вакцини на „Фајзер“ кои денеска пристигна во земјава. Тие се доволни за вакцинирање на здравствените работници во земјава кои се пријавени досега – 4.000, а први ќе бидат оние вработени во Клиничкиот центар.
Во земјава треба да пристигнат и дополнителни дози од „Фајзер“ кои се обезбедени од директните преговори со компанијата, како и дози преку Ковакс – системот („Астра Зенека“).