Над осум милиони украински бегалци има во европските земји

Вкупно 8.249.055 украински бегалци пристигнале во европските земји од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Според податоците на УНХЦР, само изминатата недела бројот на бегалци се зголемил за 8.766.

Во периодот од 24 февруари 2022 година до 23 мај 2023 година, дури 2.852.395 лица побарале засолниште во Русија.

Потоа следува Полска со 1.605.738, Германија 1.061.623, Чешка 520.234, Велика Британија 204.700, Шпанија 179.884, Италија 175.107, Бугарија 159.225, Романија 132.382,1918, Словачка 132.362.889, додека во другите земји, бројот на бегалци не е над 100.000.

 

Претходна вестНема милост за тротинетите по Скопје: Ги фрлаат и во Вардар, во контејнери, ги крадат…
Следна вестИзложба: Ченто биографија низ фотографија во НУ Завод и музеј-Струмица