Нема милост за тротинетите по Скопје: Ги фрлаат и во Вардар, во контејнери, ги крадат…

Нови примери на вандализам врз електричните тротинети се бележат по Скопје, по уништувањето и кражбата на неколку од нив. Деновиве е забележан случај на фрлен тротинет во коритото на Вардар.

Таков пример денеска го објави порталот „Курир“ по добиената видео-снимка од еден граѓанин. На снимката се гледа тротинет со се уште запалени светла фрлен во коритото на реката во близина на населбата Хром во Влае.

Во изминатите денови беа уништени седум тротинети и четири од нив биле украдени, а на интернет се појавија и снимки од малолетници како ги оштетуваат превозните средства.

Непримерното однесување и уништувањето на тротинетите започна во првиот момент кога тие станаа достапни за скопјани, замислени како еколошко и практично средство за градски превоз.

Според МВР, деновиве се украдени три тротинети.

-Пријавени се лицата кои го украдоа тротинетот и го ставија во багажник. Може да се забележат нивните ликови на камерите. Се знае и кој ги оштетува затоа што апликацијата ги евидентира корисниците. На крај, по користењето на тротинетот, се слика и испраќа во системот за да знаеме како е оставено возилото по користењето, изјави директорот на турската компанија „Бин Бин“, Висар Дурак, за порталот „ММС“.

Претходна вестТатко и син затворени поради измама на лото од 20 милиони долари
Следна вестНад осум милиони украински бегалци има во европските земји