Битолчанец пукал кон кучиња – скитници, полицијата го приведе

Синоќа во 18.30 часот во Битола на ул.„Димитар Илиевски Мурато” од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И .Г.(29) од Битола.

-Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници. Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи, соопшти полцијата.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.

Претходна вестДали Западот се плаши од победата на Ердоган и неговата економска визија?
Следна вестЛевица: Договорот потпишан од Владите на СДСМ и ГЕРБ се покажа како погубен за Македонија