Надеж за болните: „Трикафта“ ќе стигне до средината на март, уверува Владата

Дали се гледа крајот на тригодишната ,,борба”, болните од цистична фиброза да добијат лек? „Трикафта“ ќе стигне во Македонија најдоцна до средината на март, уверува Владата.

– Завршени се административните процедури кои беа потребни за итна набавка на лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза. Испораката на лекот за овие пациенти се очекува да биде извршена во најбрз можен период, не подолг од 30 дена, согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани со спецификите на самиот лек, велат од Владата.

Фондот за здравство дури минатата недела одобрил над 2,2 милиони евра, а изминатите неколку дена беа завршени сите постапки за итна набавка на лекот Трикафта за критичните пациенти. Оттаму додаваат дека се очекува државата да добие можност преку директни преговори со производителот на лекот да ја набавува потребната терапија.

Во исчекување на терапијата, останува надеж дека судбината на Благојче Илиевски кој со години беше уверуван дека ќе го добие скапиот лек кој не успеа да го дочека, нема да го снајде ниту еден пациент со цистична фиброза во земјава.

Претходна вестЕлмас може да слави, голема е веројатноста Наполи да биде првак
Следна вестУтре се очекува хаос на аеродромите во Германија, погодени илјадници патници