Елмас може да слави, голема е веројатноста Наполи да биде првак

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој е дел од тимот на Наполи ќе има повод за славење. Прецизните статистичари тврдат дека веројатноста „наполитанците“ да ја освојат шампионската титула се 99,46 посто.

Италијанскиот калочолигаш до сега има 15 бода предност на врвот на табелата во Серија А и сите очекуваат дека без проблеми ќе го освои „скудетото“.

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, поткрепен со анализа од компанијата за статистика и анализи, „Опта“, излезе со пресметка дека тимот на Наполи има помалку од 1% неизвесност во трката за „скудетото“.

Елиф Елмас кој оваа сезона е значаен дел од составот на Лучијано Спалети, на досегашните 22 одиграни натпревари постигна шест гола.

Претходна вестРазни бројки во парламентот: Стабилизација или компликација со владината реконструкција?
Следна вестНадеж за болните: „Трикафта“ ќе стигне до средината на март, уверува Владата