Надминат проблемот поврзан со картичните брендови Виза и Мастеркард

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови Виза и Мастеркард (VISA и MasterCard).

Претходно од асоцијацијата информираа дека дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија.

Соопштија и дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

Претходна вестОхриѓанец без одобрение си доградил куќа во Трпејца
Следна вестТепачка во Аеродром меѓу Струмичанец и скопјанец