Најавена конвенција за промоција на Данела Арсовска за претседател на Нова Алтернатива

Конвенција за промоција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за нов претседател на политичката партија Нова Алтернатива е најавена за вечерва во Скопје.

Конвенцијата, според најавата, ќе се одржи во хотел .„Континентал“ со почеток во 18 часот.

-Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи на 17.01.2024 (среда) во 18 часот, во Кристална сала, хотел „Континентал“, стои во поканата за конвенцијата од партијата.

Арсовска претходно во телевизиско интервју  информираше дека се подготвува да формира политичка партија.

Во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 на 5  јануари прашана дали размислува за формирање политичка партија, одговори потврдно, посочувајќи дека се во процес на нејзино формирање, но не одговори директно дали може да се очекува учество на оваа партија на претстојните парламентарни избори закажани за мај годинава.

Претходна вестПроменливо облачно со сончеви периоди
Следна вестНов предлог на закон за средно образование, се воведуваат стручна матура и влезен академски испит