Најчевска: Од каде излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Ахмети, Груби, Османи, ако веќе се става на црна листа пред избори, зошто тоа не се луѓе од ДУИ

Професорката Мирјана Најчевска реагира за црната листа на САД, на која се најдоа и имињата на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски.

-Ова е проблематично по повеќе основи. Прво, што андрак бара сега Катица Јанева на црна листа на Американците кога жената која тие ја донесоа за специјален јавен обвинител е во затвор. Второ, крајно несоодветно е на ваков начин да се атакува од странска држава претседателски кандидат непосредно пред избори. Тоа Американците си го дозволуваат само спрема Путин колку што се сеќавам. Трето, ако веќе си дозволуваат вакво вмешување, од каде тоа излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и целата мафијашка банда? Ако веќе некој се става на црна листа пред избори зошто не се ставаат луѓе од ДУИ? За да се задржи ДУИ во власта?, пишува Најчевска.

Американскиот Стејт Департмент претходно објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски.

-Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници. Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист, се истакнува во образложението на одлуката.

Јакимовски, пак, вчера поднесе кривична пријави поради тоа што се најде на црната листа САД. Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против непознат сторител.

 

Претходна вестСтоилковска ја елиминира првата носителка во Шарм Ел Шеик
Следна вестТреба ли почести и пообемни „ловења“ на пребрзите возачи низ Македонија?