Треба ли почести и пообемни „ловења“ на пребрзите возачи низ Македонија?

Пребрзото возење е вообичаена појава на македонските сообраќајници. За многу возачи тоа стана хоби пти кое не му ја мислат многу за можните опасни последици.

Во МВР велат дека тие му ја мислат и дека прават редовни контроли. Така вчера низ целата територија на Македонија биле санкционирани возачите кои се движат со брзина поголема од дозволената. При тоа со казни завршиле 275 возачи.

-Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место, соопштуваат од полицијата.

Бројките се загрижувачки, а вакви се скоро секогаш кога има контрола. Може само да се претпоставува колку пребрзи возила не биле воочени од полицијата.

Ќе успее ли полицијата да ги скроти збеснатите возачи? Треба ли да се прават почести и пообемни акции за „ловење“ на ваквите возачи?

 

Претходна вестНајчевска: Од каде излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Ахмети, Груби, Османи, ако веќе се става на црна листа пред избори, зошто тоа не се луѓе од ДУИ
Следна вестДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните, велат од СДСМ