Најди ги Кале, Камениот мост, Старата чаршија… на скопските туристички билборди

Каде е Кале, Камениот мост, Куршумли ан, каде е Аквадуктот…? Ова се прашања на кои одговорите тешко може да се добијат доколку се застане пред некој од уличните билборди на коишто е изложена туристичката мапа на Скопје. Двата билборда кои се лоцирани во строгиот центар на градот – на плоштадот „Пела“ кај Триумфалната порта и на улица „Македонија“ – одамна не ја исполнуваат својата функција. Полни се со чкртаници направени со спрејови во боја, со излепени плакати, огласи, рекламни налепници… Така, туристите коишто сакаат да се ориентираат според изложените мапи за да стасаат до одредена знаменитост, од нив немаат никакво фајде…

Состојбата е ваква со месеци и никој не реагира за да билбордите добијат функција каква што треба да ја имаат. Наместо да помагаат тие како да се претворени во лавиринти чии загатки ртеба да ги решаваат туристите. Ваква ли слика туристите ќе ја среќаваат и на почетокот на претстојната туристичка сезона? Првите групи веќе почнаа да го посетуваат градот и штета е што впечатокот ќе им го расипува нечиј ванадлизам и нечија негрижа оштетеното да се поправи.

Претходна вестЧетиринаесет лица возеле без дозвола, шестмина биле пијани…
Следна вестНаредена евакуација околу нуклеарката во Запорожје, можен е нуклеарен колапс