Македонскиот клуб Вардар кој инаку сезонава за прв пат во својата историја игра во Втората лига му врачи отказ на тренерот Горан Симов по серијата лоши резултати, која инаку кулминираше со поразот во саботата на постувањети кај Велешта со 2:1.
Вардар под очекувањата ја почна сезоната во која единствена цел на клубот е враќање во Првата македонската фудбалска лига и по четири кола е седмопласиран во Втората лига – Запад со само една победа, едно реми и два порази.
Клубот му се заблагодарува на Симов за досегашната соработка, на резултатите кои ги оствари како тренер на Вардар и му посакува среќа во понатамошниот тек на кариерата – се наведува во клупското соопштение. Функцијата в.д шеф на стручниот штаб на Вардар ќе ја извршува неговиот досегашен помошник Никола Глигоров, кој ќе дебитира во новата улога в сабота на натпреварот против Беса на домашен терен.