Темен режим Режим на светлина

Ковид во 24 часа: 12 починати и 154 нови заразени, но од 1.967 тестирања

Во последните 24 часа пријавени се 12 починати лица од ковид.

Од нив 10 се од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г  и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г), сите во болнички услови.

Денеска се регистрирани и 154 нови заразени, но од направени 1.967 тестирања: Скопје – 118, Куманово – 12, Кавадарци – 5, Прилеп и Битола – по 3, Велес, Кичево, Кочани, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Струмица, Виница и Кратово – по 1.

Регистрирани сe 408 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.068 бројката на оздравени пациенти е 167.810, на починати е 6.472, а бројот на активни случаи изнесува 12.786, од кои во Скопје 5.761.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МЗ: Наставата со физичко присуство продолжува - бројот на заразени деца и наставници е мал

Следна објава

Најтрофејниот македонски клуб Вардар му врачи отказ на тренерот