Скопјанец ограбил казино

На 17.09.2021 во 10.00 часот на ул.„Вера Јоциќ“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Е.А.(43) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 16.09.2021 од казино на ул.„Христо Татарчев“ тој одзел пари.

Во разговор со полициски службеници тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестИстрели завршиле во теолошкото училиште во Тетово
Следна вестПак подебелиот крај за децата: Царовска ги прати таблети да си бараат од училиштата, а тие им велат: „немаме, толку ни дадоа“!