Над 18 илјади студенти во првиот рок добија субвенции за оброк

Над 18.140 студенти од втора и повисоките академски години ќе добиваат о 2.400 денари месечно за студентски оброк. До Министерството за образование и наука ристигнале 21.693 барања, но 18.149 се прифатени.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон за олеснување на животот на младите за време на студирањето. Девет месеци во годината студентите ќе го добиваат овој надоместок за купување здрави оброци.

Следниот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе почне  на 1 октомври и ќе трае до крајот на месецот, а се однесува на студентите од новата академска година и оние кои не успеајa да го остварат своето право додека траеше претходниот рок за аплицирање на повикот.

Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.

Претходна вестВо Скопје има заразени 139 основци и 70 средношколци, тврди Министерството за здравство
Следна вестИстрели завршиле во теолошкото училиште во Тетово