Накривената бандера на улицата „Борка Талески“ во скопската населба Буњаковец која претставуваше опасност за граѓаните конечно е поправена и исправена. Информацијата за ова ја сподели фејсбук-групата „Во одбрана на Буњаковец“ каде што претходно беше алармирано за опасноста која таа ја претставува.
-Сограѓаните нè известија дека кога пријавувале во Општина Центар им рекле дека бандерата е на Телеком МК, додека некои работници што ја асфалтираа улицата рекоа дека поправката ја извршил тим на А1. Според ИКТ стручњаци од нашето маало, дел од бандерите на Телеком се сега изнајмени од А1, додека каблите на Телеком се преселени под земја, се наведува во објавата.
Накривената бандера, за што пишуваше и „Скопско ехо“, на оваа улица беше сериозни накривена и долго време никој не се погрижи да ја отстрани оваа опасност.